Екипата на Охрид се засили со нов ракометар за следната сезона во Супер лигата, каде екипата ќе атакува на поголем пласман.
Грузискиот репрезентативен бек Теимураз Орјоникидзе е новото име во составот на гладијаторите. 27-годишниот лев бек (195цм и 95кг) во Охрид доаѓа од екипата на Кокс, Финска.
Претходно настапуваше во Романија и Унгарија, како и во македонското првенство во Еурофарм Пелистер и Прилеп.
Со своите одлични настапи и помогна на Грузија за првпат да се најде на европското првенство во 2024-та година.
“Пресреќен сум што се враќам во Македонија, ова е земја на ракометот и задоволство ми е што ќе играм тука. Охрид има одличен тим и проект и чест ќе ми е да сум дел од него. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и заедно со нашите фанови ќе славиме многу победи,” – изјави Теимураз Орјоникидзе.

(фото – ГРК Охрид)📷