Екипата на Охрид го игра првото дерби во новата сезона во Супер лигата, откако го пречекува тимот на Тиквеш.
„Гладијаторите“ најавуваат голема борба и продолжување на победничката серија на натпреварот против Тиквеш.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Теимураз Орјоникидзе.
“Ова ќе биде многу важен натпревар за нас. Тиквеш е наш голем ривал, ќе дадеме се од себе да триумфираме на овој меч и да ја продолжиме низата на победи”, – изјави Теимураз Орјоникидзе од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷