Екипата на Текстилец забележа победа против екипата на Партизан Гевгелија со минимални 34-33 во натпревар од Првата лига.
Иако тимот на Текстилец на полувреме имаше водство од 18-13, сепак во второто полувреме Партизан Гевгелија се доближи резултатски, но на крај домаќинот ја завери победата.
Најефикасен во редовите на Текстилец беше Филип Џинес со девет гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Стојан Наумовски исто така со девет гола.
(фото – Рк Текстилец УГД)📷








