Ракометарите на Текстилец ја забележаа првата победа во плеј-аутот, откако на домашен терен ја совладаа Преспа 2015 со 29-23.
Текстилец од почетокот на натпреварот го имаше водството и до крај немаше проблеми за лесна победа против екипата на Преспа 2015.
Најефикасен во Текстилец беше Александар Димитров со осум гола, додека кај Преспа 2015 најефикасен беше Андреј Божиновски исто така со осум гола.
(фото-Рк Текстилец)📷