Ракометарите на Текстилец забележаа висока победа на гостувањето кај екипата на Аеродром со убедливи 41-21 во плеј-аутот од Првата лига.
Составот на Текстилец од почетокот на натпреварот направи висока предност, па на крај да слави против Аеродром.
Најефикасен во редовите на Текстилец беше Милисав Петров со десет гола, додека кај екипата на Аеродром најефикасен беше Димитар Босилковски со шест гола.
(фото – Рк Текстилец УГД)📷