Екипата на Текстилец забележа победа на домашен терен против екипата на Преспа Вардар со резултат 36-28 во Првата лига.
Иако Текстилец на полувреме имаше минимална предност од 16-15, сепак во второто полувреме успеа да ја зголеми предноста против Преспа Вардар.
Најефикасен во редовите на Текстилец беше Филип Џинес со 10 гола, додека кај Преспа Вардар најефикасен беше Александар Филиповски со 8 гола.
(фото – Рк Текстилец УГД)📷