Екипата на Текстилец забележа победа против екипата на Астраион со конечен резултат 38-29 во плеј-аутот од Првата лига.
Текстилец на полувреме губеше од Астраион со 18-16, но сепак во второто полувреме тимот од Штип направи пресврт и стигна до победа против тимот од Струмица.
Најефикасен кај екипата на Текстилец беше Филип Џинес со девет гола, додека кај Астраион најефикасен беше Васе Наков исто така со девет гола.
(фото – Рк Текстилец)📷