Тимот на Текстилец беше подобар од составот на Бисинов Фруит Ленд, откако забележа победа со 29-27.
Во првото полувреме, иако Текстилец имаше предност, екипата на Бисинов Фруит Ленд направи пресврт, за на пауза да замине со водство од 14-12. Во второто полувреме екипата на Текстилец успеа да направи пресврт, за да слави против Бисинов Фруит Ленд.
Најефикасен кај екипата на Текстилец беше Васе Петров со 10 гола, додека кај екипата на Бисинов Фруит Ленд најефикасен беше Мартин Иванов со 8 гола.
(фото – Рк Текстилец)📷