Ракометарите на Текстилец забележаа победа против ракометарите на Преспа со резултат 37-30 во Првата лига.
Тимот на Текстилец на полувреме имаше минимално водство со резултат 17-16. Во второто полувреме Текстилец ја зголеми предноста, па на крај да слави победа против Преспа.
Најефикасен во редовите на Текстилец беше Јован Атанасовски со осум гола, додека кај Преспа најефикасен беше Христијан Ристевски исто така со осум гола.
(фото – Рк Текстилец УГД)📷








