Текстилец со три бода се враќа од гостувањето кај Бисинов

Тимот на Текстилец оствари победа на гостувањето кај екипата на Бисинов со минимални 29-28 во натпревар од Првата лига.

Екипата на Бисинов имаше предност на полувреме од 12-10. Во второто полувреме беше доста изедначено, но на крај во последните секунди Текстилец успеа да забележи победа против Бисинов.

Најефикасен во екипата на Текстилец беше Жарко Мирчевски со девет гола, додека кај екипата на Бисинов најефикасен беше Давид Славевски со шест гола.

(фото-Рк Текстилец)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.