Екипата на Текстилец стигна до победа против екипата на Преспа, откако славеше со 26-24 во плеј-аутот од Првата лига.
Иако на полувреме Преспа имаше предност од 16-12, сепак во второто полувреме Текстилец со пресврт стигна до победа.
Директен црвен картон на овој натпревар доби Бојан Поповски од редовите на Преспа од Ресен.
Најдобар стрелец во екипата на Текстилец беше Дарио Јорданов со десет гола, додека кај екипата на Преспа најдобар стрелец беше Бојан Поповски со шест гола.

(фото – Рк Текстилец)📷