Екипата на Текстилец забележа победа против Шампион со резултат 34-30 во натпревар од Првата лига.
Иако Шампион на пауза имаше предност од 17-16, сепак во второто полувреме подобра игра имаше Текстилец.
Најефикасен во тимот на Текстилец беше Благој Сенев со 11 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Давид Богоевски со 7 погодоци.
(фото – Рк Текстилец)📷