Ракометарите на Текстилец забележаа убедлива победа против тимот на Партизан Гевгелија со резултат 42-28.
Текстилец од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така натпреварот беше решен во второто полувреме.
Најефикасни во тимот на Текстилец беа Филип Џинес и Иван Димчевски со по осум гола, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Димитар Минов со девет гола.
(фото – Рк Текстилец)📷