Тенакс Добеле од Летонија ја освои Балтичката лига

Екипата на Тенакс Добеле од Летонија е шампион во Балтичката лига, каде во финалето ја совлада екипата на Полва Сервити со 27-26.

Во натпреварот за трето место, односно за бронзата, го освои тимот на Драгунас Клаипеда од Литванија, кој славеше против Вилјанди од Естонија со резултат 29-28.

Во Балтичката лига во машка конкуренција учествуваат екипи од Летонија, Литванија и Естонија.

(фото – Инстаграм/Балтичка лига)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.