Ракометарката на Чаир, Теодора Гулицоска, која ја заврши ракометната кариера почнува тренерска кариера.
Теодора Гулицоска во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на ЖРК Струга со тренерите Владимир Паноски и Маја Попоска.
“Една од најдобрите ракометарки во женската супер лига на Македонија, ќе биде дел од нашиот стручен штаб. Таа ќе работи заедно со тренерите Владимир Паноски и Маја Попоска. ДОБРЕДОЈДЕ Теодора Гулицоска”, – објавија од ЖРК Струга.

(фото – ЖРК Струга)📷