Теодора Дукоска успешно оперирана по повредата на рамото

Ракометарката на Чаир, Теодора Дукоска, која заработи повреда на рамото е успешно оперирана.

Теодора Дукоска повредата на рамото ја заработи на натпреварот против Металург Автокоманда.

Дукоска започна со процесот на рехабилитација и се очекува брзо да се врати на ракометните терени. Исто така таа поради повредата нема да настапува и за младинската репрезентација за СП 2024 година.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.