Екипата на Нант го продолжи договорот со младиот кружен напаѓач Тео Монар до 2026 година.
Младиот кружен напаѓач има 21 година, и веќе четири сезони го носи дресот на францускиот тим Нант.
„Се чувствувам многу добро во Нант и ја искористив можноста што ми беше дадена да ја продолжам авантурата. Ова е можност за мене да се пријавам на долг рок со клубот чиј проект совршено ми одговара. Јас сум амбициозен, клубот е исто така и сакам да продолжам да и служам на групата максимално”, – изјави Тео Монар.
(фото – Рк Нант)📷