Вардар 1961

Тешка победа за Вардар против Скопје во Суперлигата

Екипата на Вардар оствари тешка победа на гостувањето кај екипата на Скопје 2020 со конечни 32-27.

Во првиот дел екипата на Скопје го имаше водството, а на полувреме замина со минимални 15-14. Во вториот дел од натпреварот составот на Вардар се разбуди, за на крај да оствари тешка победа на гостувањето кај екипата на Скопје 2020.

Најефикасен во составот на Вардар 1961 беше Јан Чувара со осум погодоци, додека најефикасен во екипата на Скопје 2020 беше Александар Василевски исто така со осум погодоци.

Рк Скопје 2020 27-32 Рк Вардар 1961

(фото-Вардарфанс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.