Екипата на Еурофарм Пелистер оствари тешка победа на гостувањето кај екипата на Охрид со 21-24 во плеј-офот во Супер лигата.
Тимот на Охрид даваше отпор во текот на целиот натпревар, но не успеа да направи изненадување и да го совлада битолскиот тим.
Најдобар стрелец кај тимот на Охрид беше Филип Николов со девет погодоци, додека кај тимот на Еурофарм Пелистер најдобар стрелец беше Стипе Мандалиниќ со девет погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷