Тешка победа на Голден Арт на гостувањето во Куманово

Ракометарите на Голден Арт остварија тешка победа на гостувањето кај екипата на Куманово со 26-28 во натпревар од Првата лига.

Голден Арт водеше до полувремето и на пауза замина со предност од 13-14. Во вториот дел Куманово успеа да се врати, сепак на крај Голден Арт успеа да оствари победа на тешкото гостување кај екипата на Куманово.

Најдобар стрелец кај екипата на Куманово беше Виктор Петковски со десет погодоци, додека кај екипата на Голден Арт најдобар стрелец беше Ивица Илиев со осум погодоци.

(фото-Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.