Ракометарите на Тиквеш забележаа победа на гостувањето кај екипата на Куманово со високи 28-16 во Супер лигата.
Тиквеш на пауза замина со предност од 13-10. Во второто полувреме тимот од Кавадарци ја завери победата против составот од Куманово.
Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со шест гола, додека кај екипата на Куманово најефикасни беа Јован Даневски и Иван Димитров со по три гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷