Тиквеш ги освои бодовите против Тинекс Пролет

Екипата на Тиквеш забележа победа против екипата на Тинекс Пролет со конечни 21-17 во натпревар од Супер лигата.

Иако Тинекс Пролет добро парираше во поголемиот дел од натпреварот, сепак Тиквеш со добра игра успеа да слави победа.

Најефикасни во редовите на Тиквеш беа Богдан Мијушковиќ и Димитар Коцев со по шест гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Давор Палевски со пет гола.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *