Екипата на Тиквеш забележа победа на домашен терен против екипата на Бутел Скопје со минимални 25-24 во 11. коло од Супер лигата.
Иако тимот на Бутел Скопје во последните неколку секунди доби пенал и имаше шанса за реми, сепак Димитар Узунчев промаши и Тиквеш славеше победа.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Димитар Коцев со осум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Дамјан Субашевски со пет гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








