Екипата на Тиквеш го совлада тимот на Охрид со 24-22 и се пласира во финалето на турнирот “Крсте Андоновски – Усташ”.
Тимот од Кавадарци имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, па така стигна до победа против Охрид.
Најефикасен во екипата на Тиквеш беше Арнад Хамзиќ со пет погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Тоше Ончев со седум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷