Тиквеш лесно се справи со Партизан Гевгелија во Купот

Ракометарите на Тиквеш забележаа убедлива победа против екипата на Партизан Гевгелија со конечен резултат 56-20 во Купот на Македонија.

Тиквеш победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше предност од 29-7.

Најефикасен кај Тиквеш беше Мики Лазов со 12 погодоци, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Горан Лисичков со 10 погодоци.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.