Екипата на Тиквеш забележа лесна победа против тимот на Кичево 2020 со резултат 46-20 во Купот на Македонија.
Тиквеш на пауза имаше висока предност од 22-8. Второто полувреме беше само формалност тимот од Кавардарци да ја завери победата против Кичево 2020.
Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Евгениј Темелкоски со осум гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Стефан Стефаноски со пет гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷