Екипата на Тиквеш забележа победа на домашен терен против тимот на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 30-26, и е на чекор до пласман во европските купови.
Тиквеш имаше водство во текот на целиот натпревар, па немаше проблеми околу победата против тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Дарко Кондев со седум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Павле Петровиќ со осум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷