Екипата на Тиквеш го совлада тимот на Мулти Есенс со резултат 32-28 и обезбеди место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Тимот на Тиквеш и на полувреме имаше предност од 16-14. Во второто полувреме Тиквеш продолжи со водството, па на крај да триумфира против Мулти Есенс.
Најефикасни во тимот на Тиквеш беа Мирко Мајиќ, Мартин Манасов и Никола Стефановиќ со по пет гола, додека кај Мулти Есенс најефикасен беше Михајло Костовски со седум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷