Екипата на Тиквеш забележа победа на домашен терен против тимот на Бутел Скопје со минимални 26-25 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Тиквеш и на полувреме имаше водство со минимални 15-14. Во второто полувреме се играше гол за гол, но на крај Тиквеш успеа да погоди за победа против Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Игор Кривокапиќ со девет гола, додека кај Бутел Скопје најефикасни беа Димитар Узунчев и Филип Николов со по осум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷