Ракометарите на Тиквеш забележаа победа на домашен терен против ракометарите на Прилеп со конечни 24-21 во Супер лигата.
Составот на Тиквеш имаше предност во текот на целиот натпревар, па на крај да триумфира против Прилеп.
Најефикасни во редовите на Тиквеш беа Балша Чејовиќ, Мартин Димовски и Богдан Мијушковиќ со по четири гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Димитар Димитриоски со девет гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








