Екипата на Тиквеш ја совлада екипата на Тинекс Пролет со конечен резултат од 23-19 во Супер лигата.
Тимот на Тиквеш и на полувреме имаше водство од 14-10. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Тиквеш, па на крај да триумфира против Тинекс Пролет.
Најефикасен кај екипата на Тиквеш беше Ани Обина со шест гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасни беа Давор Палевски, Ласко Андоновски и Мохамед Бакар со по четири гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷