Екипата на Тиквеш забележа победа против Еурофарм Пелистер 2 со 26-23 и обезбеди пласман во наредна фаза од Купот на Македонија.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Спасоје Гачевиќ со шест гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Алем Хаџиќ со седум гола.
Тимот на Мулти Есенс го надигра составот на Прилеп со резултат 27-23 и се пласираше во наредната фаза од Купот на Македонија.
Најдобар стрелец кај Мулти Есенс беше Олег Јорданов со девет гола, додека кај екипата на Прилеп најдобри стрелци беа Христи Бикоски и Давид Трајкоски со по шест гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷