Ракометарите на Тиквеш забележаа сигурна и лесна победа против составот на Куманово со резултат 37-21 во Супер лигата.
Тиквеш од почетокот на натпреварот направи високо водство, па на пауза замина со предност од 20-11.
Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Ани Обина со осум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасни беа Уча Гамзардија и Дарио Симоноски со по четири гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








