Ракометарите на Тиквеш забележаа сигурна победа против тимот на Радовиш со резултат 28-22 во Супер лигата.
Тиквеш на паузата имаше предност од 12-11. Во второто полувреме Тиквеш продолжи да ја зголемува разликата, па на крај да го совлада Радовиш.
Најдобар стрелец во тимот на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со седум гола, додека кај екипата на Радовиш најдобар стрелец беше Здравко Постолов исто така со седум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷