Екипата на Тиквеш забележа победа против екипата на Струга со конечен резултат од 32-25 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Тиквеш од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Струга.
Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Ани Обина со седум гола, додека кај Струга најефикасен беше Мерис Бошњак со десет гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷