Тиквеш минимално го победи Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш забележа победа на домашен терен против тимот на Бутел Скопје со минимални 24-23.

Првото полувреме беше доста израмнето, но тимот на Тиквеш замина со предност од 14-13 на полувреме. Во второто полувреме тимот на Бутел Скопје добро парираше, но екипата на Тиквеш ги освои бодовите.

Најдобри стрелци во тимот на Тиквеш беа Арнад Хамзиќ, Страхиња Симиќ и Евгениј Темелкоски со по пет гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најдобар стрелец беше Филип Николов со шест гола.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.