Тиквеш со победата против Струга направи голем исчекор кон плеј-офот

Екипата на Тиквеш славеше на гостувањето кај екипата на Струга со 32-34 и направи голем исчекор кон плеј-офот во Супер лигата.

Дуелот во Струга започна израмнето до половина од првото полувреме, но Тиквеш со добра серија го презеде водството и на пауза замина со предност од 15-20. Во вториот дел продолжи добрата игра на гостинската екипа за на крај да се израдува на нова победа во Супер лигата.

Најефикасен во екипата на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со десет погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Владан Кастратовиќ со осум погодоци.

(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.