Екипата на Тиквеш забележа победа на гостувањето кај екипата на Јуниор Кисела Вода со резултат 32-25 во натпревар од Супер лигата.
Тиквеш од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со предност од 15-10. Во второто полувреме Тиквеш со добра одбрана и добар напад успеа да слави кај Јуниор Кисела Вода.
Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со седум гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Дарио Симоноски со осум гола.
(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷