Екипата на Тиквеш оствари победа против составот на Еурофарм Пелистер 2 со 30-25 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Тиквеш од почетокот на натпреварот направи водство, па на полувреме имаше предност од 17-12.
Во второто полувреме Тиквеш продолжи со водството, како во првото полувреме и на крај да се радува на победа против Еурофарм Пелистер 2
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Никола Стефановиќ со девет гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Павле Петровиќ со осум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷