Тиквеш триумфираше на гостувањето кај екипата на Прилеп

Екипата на Тиквеш забележа победа на гостувањето кај екипата на Прилеп со резултат 32-28 во Супер лигата.

Тиквеш и на полувреме имаше предност од 15-12. Во второто полувреме Прилеп се обидуваше да се врати, но на крај Тиквеш се радуваше на победа.

Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Димитар Коцев со шест гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Томислав Квастек исто така со шест гола.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *