Екипата на Тиквеш забележа победа на гостувањето кај екипата на Бутел Скопје со конечни 29-25 во плеј-офот од Супер лигата.
Иако тимот на Бутел Скопје добро парираше во првото полувреме, сепак во второто полувреме Тиквеш имаше добра игра и успеа да слави победа.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Игор Кривокапиќ со осум гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Филип Николов исто така со осум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷