Екипата на Тиквеш забележа победа на гостувањето кај екипата на Радовиш со конечни 33-26 во Супер лигата.
Иако тимот на Радовиш на полувреме имаше водство од 13-11, сепак во второто полувреме со добра игра Тиквеш успеа да слави победа.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Богдан Мијушковиќ со седум гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Мартин Димов со девет гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








