Екипата на Тиквеш забележа победа на домашен терен против екипата на Струга со конечни 32-25 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Тиквеш во текот на целиот натпревар имаше водство за на крај заслужено да ја совлада Струга.
Најефикасни во редовите на Тиквеш беа Томче Стојановски и Богдан Мијушковиќ со по пет гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Ахмед Мајдоуб со седум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








