Екипата на Тиквеш забележа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Аеродром со конечни 39-29.
Тиквеш доминираше на теренот во текот на целиот натпревар, на пауза замина со предност од 20-15. Во второто полувреме тимот од Кавадарци ја завери победата против Аеродром.
Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Евгениј Темелкоски со 11 гола, додека кај екипата на Аеродром најефикасен беше Наум Костов со 10 гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷