Екипата на Тиквеш го совлада составот на Струга со конечни 38-30 во натпревар од 10. коло од Супер лигата.
Тимот на Тиквеш од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до триумф против Струга.
Најефикасни во тимот на Тиквеш беа Дарио Кофиловски, Никола Летиќ и Јован Даневски со по седум гола, додека кај Струга најефикасни беа Богдан Мијушковиќ и Ненад Костоски со по шест гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014) 📷