Тимот од Италија, Ериче каде настапува македонската ракометарка Савица Мркиќ не успеа да се пласира во плеј-офот во шампионатот на Италија и со победа ја заврши сезоната.
Екипата на Ериче сезоната ја заврши на 6. позиција на табелата. Ериче успеа да слави на последниот натпревар против екипата на Касано Мањано со 28-25. На овој натпревар Савица Мркиќ беше најефикасна со осум погодоци.
(фото – ЖРК Ериче)📷