Тимот на Куманово под водство на новиот тренер Александар Радосављевиќ ги стартуваше подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.
Тренингот се одржа во спортската сала на ОУ “Христијан Тодоровски Карпош” во Куманово, каде во оваа сала ќе се одвиваат тренинзите во подготвителниот период.
Според планот на српскиот стратег и неговиот стручен штаб ќе се тренира по два пати дневно, а се планирани и две пријателски средби до стартот на шампионатот на почетокот на февруари.
Радосављевиќ на првата прозивка на располагање ги имаше сите ракометари на кои ќе смета, освен на Христијан Михајловски, Стефан Лазаревски и Огњен Радојичиќ кои нема да бидат дел од тимот во вториот дел од шампионатот.


(фото – МРК Куманово)📷







