Тимот на Младост Богданци ги започна подготовките за новата 2023/2024 сезона, кои ке се одвиваат во два дела првиот на градскиот стадион во Богданци, физички подготовки каде ќе има по два тренинга на ден, потоа се продолжува во сала каде ќе следуваат и неколку пријателки натпревари до почетокот на сезоната.
На првиот тренинг присуствуваа сите играчи како и засилувањето Трајче Костадинов кој дојде од редовите на Бутел Скопје, освен оние кои поради оправдани причини ќе се приклучат до петок Паунков, Панов, Младеновски, Прчев, Караиванов и Николоски кој ќе се приклучи после репрезентативните обврски.


(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷