Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет, која е предводена од тренерот Илија Бетувски, ги започна подготовките за новата сезона во Женската Супер лига.
Тимот подготовките ги одвива во Претор (Ресен) според предвидената програма. Екипата од Свети Николе се очекува да ја засилат неколку засилувања.
Единствено заминување од екипата е ракометарката Марија Галевска, која направи трансфер во тимот на Чаир.


(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷