Градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев, свечено додели признание на ГРК Овче Поле за нивниот исклучителен придонес во промоцијата на општина Свети Николе во областа на спортот, во категоријата ракомет.
Ова признание е потврда за долгогодишната посветеност, спортскиот дух, тимската работа и континуираните успеси на клубот, кои со своите настапи достојно го претставуваат градот Свети Николе на домашната и националната спортска сцена.
“ГРК Овче Поле е вистински амбасадор на спортските вредности, инспирација за младите и гордост за сите граѓани на Свети Николе. Честитки до играчите, стручниот штаб, управата и сите поддржувачи на клубот! Ова признание ни е мотив за уште многу победи, спортски успеси и моменти за паметење во иднина”, – објавија од ГРК Овче Поле.


(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷








